Штрајковите се значаен дел од културата на работниот век во Европа, и најчесто работниците го изразуваат својот револт за повисоки плати и подобри работни услови, додека политичките и идеолошките демоснтрации се поретки. Турција бележи остар пад на губење работни денови поради штрајкови, додека  во Данска културата на штрајкување е и натаму силна.  

Во четвртокот во Франција се одржа масовен национален штрајк како реакција на плановите на владата на претседателот Емануел Макрон да го реформира пензискиот систем и да ја зголеми старосната граница за пензионирање. Штрајковите можно е  да продолжат и по 19 јануари, бидејќи најголемиот француски синдикат го опиша „четвртокот“ само како почетна точка.

Штрајкови има и во Обединетото Кралство. Медицинските сестри стапија во штрајк во Англија во декември 2022 година, за прв пат по 106 години. Железничарите штрајкуваат во последните недели, а наставниците и здравствените работници планираат штрајк во февруари.

Начинот да се изрази незадоволство преку штрајковите се значаен дел од културата на работниот век во Европа. Луѓето во неколку земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ги Шпанија и Германија, неодамна штрајкуваа, првенствено барајќи подобри плати и работни услови.

Демонсгтрации во Франција поради пензинските реформи
Демонсгтрации во Франција поради пензинските реформи

Но, кои земји имаат најмногу штрајкови во Европа? Дали индустриската акција е почеста во некои земји од другите? Како се промени бројот на работни денови изгубени поради штрајковите во последните децении?

Индустриската акција обично се мери со „неработни денови“ или „изгубени работни денови “ поради штрајкови или заклучување. Бројот на неработни денови поради ваквата акција многу варира од година во година.

Работните денови изгубени поради штрајковите низ Европа

Според базата на податоци подготвена од Европскиот синдикален институт (ETUI), земјите кои најмногу штрајкуваат забележале мали промени во рангирањето во последните 20 години.

Помеѓу 2000 и 2009 година, годишниот просек на неработни денови поради штрајкови на 1.000 вработени бил највисок во Шпанија, каде што во просек биле изгубени 153 работни дена. Потоа следуваше Франција со 127 дена.

Данска (105 дена) е рангирана на третото место со годишен просек од изгубени повеќе од 100 работни дена. Следеа Белгија и Финска со по 70 дена.

Во ОК, во 2000-2009 година во просек, поради штрајкови се губат само 28 работни дена годишно . Во Германија тоа се само 13 дена, додека во Холандија осум дена. Неколку земји како што се Швајцарија и Полска забележаа помалку од 10 изгубени дена.

Помеѓу 2010 и 2019 година, Кипар изгуби најмногу работни денови поради штрајкови во просек од 275 дена. Франција ја следеше островската земја во овој временски период со 128 изгубени денови.

Сите други земји за кои беа достапни податоци забележаа дека не работеле поради штрајкови помалку од 100 дена. Повеќе од 15 земји имаа помалку од 20 изгубени денови во овој период, со 18 дена во ОК и 17 дена во Германија.

Годишен просек на неработни денови поради штрајкови на 1000 работници (2010-2019)

Периодот 2020-2021 нуди податоци за само две години, без податоци за некои земји. Франција (79 дена) имаше највисоки годишни просечни изгубени денови поради штрајкови, следена од Белгија (57 дена), Норвешка (50 дена) и Данска и Финска (по 49 дена).

Изгубени денови во Франција, Велика Британија, Германија и Шпанија 

Гледајќи внимателно во последните две децении, податоците на ETUI покажуваат како бројот на денови кои не се работеле поради штрајкови варирал од година во година во Франција, Германија, ОК и Шпанија.

Во Франција, изгубените денови на 1.000 вработени достигнаа годишен просек од 364 дена во 2010 година. Шпанија забележа значително голем број изгубени денови во раните 2000-ти, со 295 дена во 2000 година, 365 дена во 2002 година и 304 дена во 2004 година.

Обединетото Кралство и Германија имаа релативно помалку изгубени денови во споредба со Франција и Шпанија во последните две децении. Најголем број на изгубени денови во една година во овој период е 57 дена во двете земји.

Се намалуваат деновите на работа изгубени поради штрајкови

Како што покажува горната табела за избраните четири земји, работните денови изгубени поради штрајкови се намалуваат.

Податоците на ОЕЦД кои ги споредуваат 1990-тите и 2008-2018 го прават овој тренд многу јасен. Просечниот број на изгубени работни денови поради штрајкови на 1.000 вработени значително падна во овие два периода во многу земји.

Шпанија и Турција забележаа најголем пад во изгубените работни денови. Во Шпанија се намали од 309 дена на 76 дена. Во Турција има поостар пад од 223 дена на 10 дена.

Данска забележа пад од 169 дена на 105 дена, што сугерира дека културата на штрајкување е сè уште силна во оваа земја.

Белгија е исклучок од овој тренд. Работните денови изгубени поради штрајк се зголемија од 31 ден на 98 дена во овој период.

Пад на штрајкови во ОК

Просечните изгубени работни денови се намалија од 30 дена на 20 дена помеѓу 1990-тите и 2008-2018 година во ОК.

Според Канцеларијата за национална статистика, во 2017 година бројот на работници кои штрајкувале во ОК паднал на најниско ниво од 1890-тите.

Право на штрајк и колективно договарање

Правото на штрајк е од суштинско значење за барање подобри плати и работни услови. Колективното договарање ги прави работниците посилни во преговорите со работодавците.

Меѓународната организација на трудот на ОН (МОТ) има податоци за стапките на покривање на колективното договарање на земјите – уделот на вработени чија плата и работни услови се покриени со еден или повеќе колективни договори.

Европските земји генерално имаат највисоки стапки на покриеност во светот.
Во 2020 година или во последната година со достапни податоци , стапката на покриеност со колективно договарање беше повисока од 90 отсто во пет земји-членки на ЕУ. Прво рангирана е Италија (99 отсто), а потоа следуваат Франција и Австрија (и двете по 98 отсто). Оваа бројка беше 52 отсто во Германија и 27 отсто во Велика Британија.

Турција и Литванија (и двете по 7 отсто) имаат најниски стапки на покриеност на колективно договарање во Европа.

Меѓународна споредливост на податоците

Како што истакнува ОЕЦД, на меѓународната споредливост на податоците за штрајковите влијаат разликите во дефинициите и мерењата. ETUI, ILO и OECD обезбедуваат сеопфатни информации за тоа како се собираат нивните податоци и што одразуваат.