Кај некои хороскопски знаци, грижата за здравјето лесно преминува во опсесија. Тие прават свои дијагнози врз основа на написи во бројни извори, професионални и аматери. Откријте кои се најголемите хороскопски хипохондрици…

Девица

Апсолутен шампион кога станува збор за хипохондријата. Иако тие се грижат за своето здравје, се обидуваат да јадат и вежбаат правилно и да одат на редовни медицински прегледи, дури и лесните симптоми понекогаш им даваат причина да се плашат од најлошото. Тие може да видат знаци на тумор на мозокот или друга болест во главоболката… Ќе ги најдат симптомите што ги немаат, ќе направат од мравка слон, па можеби дури и ќе почнат да размислуваат за пишување на тестамент. Ако лекарот се обиде да ги разубеди, тие ќе го погледнат сомнително и ќе бараат низа специјалистички прегледи. Во пандемиски околности, тие можат да шетаат со вселенски костум и да одат на тестирање секој втор ден.

Рак

Дури и кога се чувствуваат добро, тие се убедени дека можат да се разболат во секој момент. Се вознемируваат кога ќе слушаат дека некој од нивната околина е болен, и убедени се дека и тие ќе се разболат наскоро. Колку и да сакаат да им помогнат, доколку бидат во близина со некој што е болен, тоа само дополнително ќе ја засили нивната хипохондрија. Бидејќи тие се способни да живеат во туѓа ситуација, тешкотиите за кои некој се жали ќе почнат да ги перципираат како свои. Нема да им треба многу време да си ја постават истата дијагноза.

Јарец

Тие имаат претприемнички дух, но се склони и кон песимизам. Јарците се способни да ги толкуваат благите симптоми како рани индикатори на некоја фатална болест. За разлика од другите хипохондрици, тие не зборуваат за тоа, туку ги чуваат своите црни претчувства за себе. Тие дури и ќе ја одложат посетата на лекар за да ги дознаат најлошите вести што е можно подоцна. Ако навистина се решат на тој чекор и слушнат дека има спас за нив и дека работите не се толку сериозни, тие ќе бидат лути затоа што не отишле на лекар порано.

Близнаци

Припадниците на овој хороскопси знак знаат сè подобро од оние на кои тоа им е професија. Секако, благодарение на интернетот и на она што го слушнале од други луѓе. Убедени дека нивните симптоми или медицински резултати укажуваат на многу посериозна состојба отколку што им рекол нивниот лекар, тие ќе се обидат да докажат на целата околина дека се во право. Ако направите грешка и им се пожалите дека не се чувствувате добро, тие ќе бидат подготвени да ви дадат неколку дијагнози што за нив изгледаат веродостојно.