Во пресрет на локалните избори за тоа кои ќе бидат протоколите на самото избирачко место, како и дали ќе бидат потребни сертификати за извршена вакцинација како на многу други места, денеска во „10 Минути“ на ТВ21 разговараме со портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска Филипоска.
Таа вели дека сертификатите за вакцинација не се предуслов за пристап на гласачите до гласачките места.
„Тоа што како здравствен протокол ќе треба сите гласачи ќе треба да го почитуваат е задолжително носење на заштитна маска преку устата и носот, како и дезинфекција на рацете пред влез во самите гласачки места“, посочи Гугучевска Филипоска.
Портпаролката на ДИК додаде дека за почитувањето на овие мерки ќе се грижат самите избирачки одбори, односно еден од нив кој ќе биде најблиску до влезот на гласачкото место.