Последните податоци од министерството за здравство покажуваат дека секојдневно се зголемува бројот на хоспитализирани. Британската мутација изминативе недели забрзано се шири во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и во Охрид.
Инциденцата најмногу е зголемена во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и во Охрид. Тоа се реперкуира на начин што има зголемен прилив на пациенти во болниците. Во Кавадарци е целосно исполнето Инфективното и дополнителните одделенија и почна да работи и модуларната болница. Исто е во Прилеп, а ние гледаме тука во Скопје има секојдневно се поголем број случаи кои бараат хоспитализација и затоа во функција се врати модуларната болница до Инфективната клиника и повторно се спремни сега сите интерни клиники. Тоа го организиравме денеска во текот на утрото како што беше во ноември, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
И покрај доминацијата на британкста мутација во земјата, Филипче вели дека нема разлика во клиничката слика кај пациентите.
Од среда па во следнтие две недели ќе биде ограничено движењето на граѓаните од 22 часот навечер до 5 наутро. Ваква препорака дала Комисијата за заразни болести, а Владата треба да одлучи на денешната седница.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.479, бројката на оздравени пациенти е 95.410, на починати е 3.206, а бројот на активни случаи изнесува 8.863.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.