Според астрологијата, некои знаци се особено вешти кога станувам збор за психолошките игри со луѓето околу нив. Тие ги користат своите манипулаторски моќи за личен напредок, победа или едноставно да се осигурат дека имаат контрола над нештата.

Овие хороскопски занци се „зависни“ од адреналин. Се сметаат себеси за генијалци и сакаат да ги окупираат своите умови со планирање и интриги, пишува „PinkVilla“.

Скорпија

Кога станува збор за психолошки игри, Скорпиите се апсолутно први на листата и сè што прават е смислено и со цел. Тие се интензивни луѓе кои секогаш го знаат својот следен чекор и постојано смислуваат нови стратегии и планови за полесно и побрзо да ги постигнат своите цели. Тие се многу манипулативни и не се воздржуваат да искористат некого кој им е потребен за да си го постигнат она што го имаат зацртано, независно дали станува збор за професионалниот или приватниот живот.

Бик

Припадниците на овој знак не ги користат своите тактики за да напредуваат во животот, туку за да откријат какви се луѓето околу нив и да ги „разберат“ нивните намери. Пред да се доближи до вас, Бикот ќе проучи како се снаоѓате во различни ситуации врз основа на кои ќе процени дали ве
сака во негова близина или не.

Лав

Слично како Скорпиите, и Лавовите играат психолошки игри за да ги искористат луѓето околу нив за да ги постигнат своите цели. Тие ќе ве контактираат секогаш кога им требате и суптилно ќе ве натераат да им завршите голем дел од некоја работа. Се разбира, тие нема да го сторат тоа директно, прво ќе ве привлечат во нивната приказна и веројатнно ќе имате чувство дека работите за општото добро или дека вашиот труд ќе ви се исплати.

Девица

Девиците се паметни и пресметани луѓе. Тие постојано играат психолошки игри за да преминат на следното ниво од нивната животна стратегија. Без разлика дали е за работа или за нешто од нивниот приватен живот. Девиците знаат како да ги натераат другите да им помогнат во остварувањето на своите цели.