Граѓаните кои имаат заостанат долг сигурно се израдуваа на веста од премиерот Заев дека ќе има бришење на долговите на како што изјави тој СЕ. Но, останува дилемата што СЕ вклучува тоа СЕ? Имајќи предвид дека Заев најави бришење на долгови кон општинските и државните институции, што вклучува долг за вода, но не и долговите за струја и парно, бидејќи се приватни фирми.
-Мерката е да ги избришеме сите камати по долгови кон државните и општинските институции за долгови кои се постари од три месеци, под услов да си го регулираат на 12 рати долгот кој што го имаат. Тоа значи за вода, за парно, даноци кон државата, станбените претпријатија, водостопанските претпријатија, се-вели Заев.
Одговор побаравме од економистот Горан Рафајловски како ќе се бришат долговите на граѓаните за струја и парно на пример, ако според најавата на премиерот мерката важи само за долг кон државни и општински институции:
-Или ќе се донесе одлука на Влада со која ќе се превземат каматите или одлука во Собрание, ама доволно е на Влада, каде што тие приватни комапании ќе бидат обесштететни. Или пак не се мисли така, бидејќи согласно првата објава, мерката ќе биде исклучиво за државните и општинските претпријатија каде што во најголем број е водостопанството-рече Рафајловски.
Новите мерки според Рафајловски не се вистински, концепциски и доволни.