Кога пред полноќ ќе почнат да ви „кркорат“ цревата, а не сакате да јадете нешто што ќе ве остави без сон или ќе влијае на вашата линија имаме совршен предлог за вас. Не се двоумете дали да зготвите вкусна супа и доцна навечер, бидејќи ќе имате подготвен прилог за утрешниот ручек кој само треба да го ставите во фрижидер и следниот ден да го затоплите, а притоа и вие ќе се заситите без да го оптоварите стомакот.
Можете да го искористите зеленчукот што веќе го имате во фрижидерот. Брзите супи немаат никаква сличност со брзата храна, бидејќи се прават исклучиво од зеленчук, а доволно е да ги зачините со неколку фини состојки.
Искористете го тоа што го имате дома – погледнете, на пример, дали ви останал карфиол, брокула, спанаќ или некој друг зеленчук што не сте го искористиле. За почеток измијте го и исечкајте го на еднакви парчиња за да се вари рамномерно.
Експериментирајте со зачини – ставете сè во еден лонец, додајте масло или путер, малку кромид или некоја слична состојка како млад кромид, млад лук или праз. По свој вкус зачинете со сол и црн пипер или други омилени зачини. Со карфиолот на пример одлично оди кари, а морковот сака ким и ѓумбир. Експериментирајте со зачини, па со текот на времето ќе најдете свои омилен комбинации.
Супа или вода – ако немате готова супа, зеленчукот полејте го со вода, но тогаш додајте зачини за подобар вкус. Супата инаку можете лесно да ја сварите и поделите на неколку порции, па да ги замрзнете. Освен супи, добро ќе ви послужат и разни сосови, а тоа го олеснува готвењето кога немате доволно време.
Блендирајте – откако сè е готово, земете рачен блендер и изблендирајте. Не заборавајте дека врелите состојки не смеете да ги ставате во статичен блендер, па ако го користите него, тогаш нека се изладат малку, па потоа блендирајте ги.
Збогатете ја – за дополнителен вкус додајте павлака или млеко. Тоа ќе ја направи супата по кремаста.