Дека Дедо Мраз буквално на секое умно дете ќе му донесе подарок, а за возврат сака само една чаша млеко и неколку колачиња кои ќе го очекуваат на масата.

Profimedia
Profimedia

Но, речиси секогаш се поставува прашањето кога на децата треба да им се каже дека Дедо Мраз всушност не постои.

„Како и кај сè што би требало да биде тајна – знаењето е моќ. Ако се децата на возраст кога сами ќе се посомневаат, тогаш треба да ја дознаат вистината“, вели детскиот психолог.

Можете да ги прашате децата што мислат дали некој може за само една ноќ да го помине целиот свет и за секого да достави подароци. Доколку за нив тоа е можно и длабоко веруваат во тоа, не им ја уништувајте фантазијата.

Детето од своите врсници може да ја слушне вистината за идентитетот на Дедо Мраз, па можно е да почне да ве распрашува, а никако не сакате да дојдете до момент тоа да се чувствува излажано само од ваша страна.

Profimedia
Profimedia

„Вистинскo време на детето да му ја кажете вистината е веднаш штом ќе се појават првите сомнежи“, објаснува Коулсон, истакнувајќи дека е потребно да ги научите децата дека не е добро да им ја уништат магијата на оние кои се уште веруваат во Дедо Мраз.

„Потсетете ги дека другите родители можеби сè уште не им ја откриле тајната на своите деца и дека е добро таа да остане меѓу вас“, заклучува Коулсон.

Преземено од Еспресо.мк