Поминаа цели осум години откако легендарниот тренер на Јунајтед се пензионираше. На денешен ден во 2013 година, Сер Алекс Фергусон објави дека ја напушта клупата на Манчестер Јунајтед.

Патрис Евра и Мајкл Керик се присетија на тој ден велејќи дека Фергусон претходно им ветил дека ќе работат уште десет години, а наместо тоа пристигна сосема изненадувачка одлука.

„Две недели пред пензија, медиумите велеа дека Фергусон може да се пензионира, и тој ми рече: „Патрис, никогаш нема да се повлечам, ќе бидам тука уште десет години“, рече Французинот на подкастот на Манчестер Јунајтед.

Евра тврди дека Фергусон во тоа време веќе го имал тимот на Јунајтед во главата, што би владеел и во следната деценија. Тој би го вратил Кристијано Роналдо од Реал Мадрид и би го донесол Герет Бејл од Тотенхем.

“Јас сум сигурен 99% дека ќе ги донесеме Роналдо и Бејл. Потребни ми се само тие двајца играчи за да ја освоиме Лигата на шампионите. 99%”, мју рече Фергусон на Евра во еден од разговорите.

Португалецот остана во Реал каде што Велшанецот му се придружи, а во следните години во неколку наврати ја освојуваа фудбалска Европа и светот.

Најемотивен беше секако моментот кога легендарниот Шкотланѓанец им соопшти на играчите дека се повлекува. Тоа беше затоа што му беше потребен на неговата сопруга.

“Тој влезе и рече: “Многу ми е жал. Некои луѓе рекоа дека се повлекувам пред да го кажам тоа сам. Затоа ги гледате сите овие камери. Јас се повлекувам затоа што на мојата сопруга и требам”, рече Фергусон во тоа време

“Шефот започна да зборува и јас бев возбуден. Тој рече дека не требаше да биде така, дека играчите требаше прво да дознаат. Колку беше разочаран и дека беше принуден да им каже затоа што веста протече порано“, се присети Мајкл Керик.

Кога ја објави веста дека се повлекува, Фергусон особено им се извини на двајцата играчи. Токму новодојдените Робин Ван Перси и Шинџи Кагава ја имаа својата прва сезона на „Олд Трафорд“.

Фергусон ги водеше „црвените ѓаволи“ 27 години. Меѓу другото, тој ја освои Лигата на шампионите двапати, 13 англиски шампионски титули и ФА Купот пет пати. Неговата најуспешна сезона беше 1998/99 кога му донесе тројна круна на Олд Трафорд.