Пишува: Ивон Величковски

Бидејќи со аплаузот на Светосавска академија во МНТ од естаблишментот на ВМРО-ДПМНЕ/СДСМ/МПЦ – поглаварот на СПЦ и шефот на Република Српска беа промовирани во нивни авторитети и покровители. Олигархијата на Скопје со руско-српска позадина им е само надзорна комисија.

Оттука, изворот на излагањето на Мицкоски на седницата за пратенички прашања – во кое:

– целеше кон уште една точка на поделеност меѓу Македонците и Албанците, а

– достапноста на функциите ја таргетира на етничка основа…

…треба да се бара во разговорот на делегацијата на СПЦ во Москва.

На оваа средба со Путин, српскиот патријарх Порфириј во придружба на владиката Иринеј ќе заклучи: „Верувам и чувствувам дека нашата позиција во однос на Косово, Република Српска и Црна Гора зависи од позицијата на руската држава, РФ на глобално ниво. Мојата и желбата на мнозинството во нашата црква е во иднина, доколку дојде до ново геополитичко прегрупирање, да бидеме блиску до тоа руско опкружување.“

Затоа Мицкоски мора да пружи отпор на секое приближување на Северна Македонија и Македонците кон ЕУ, а Филипче тоа мора да го покрие со премолчување.

Тука е идејата „Томосот“ на СПЦ да биде „доволен“ за МПЦ-ОА, наместо Православната црква во Северна Македонија да биде признаена од православните цркви во Грција, Бугарија, Албанија… се до Украина и Етиопија согласно каноните – низ Томос од Вселенската Патријаршија.

Притоа се надеваат дека „трампизмот и путинизмот ќе се усогласат“ Северна Македонија и особено македонскиот народ од припадност во европскиот да „се врати во владение“ на „српскиот свет“ кој со оваа посета на Порфириј на Москва отворено станува балканска екстензија на рускиот.

Затоа, по излагањето на премиерот на собраниската седница за пратенички прашања и молкот на „Бихаќка“ по ова излагање, време е да кажеме кој и како учествува во оваа операција на предавство на интересите на македонскиот народ и идентитет, сосе јазик и демографија.

Ќе се прераскажува „од колено на колено“ за намерната грешка што економски, политички и демографски ги уништува Македонците:

– На Мицкоски и „најмакедонската“ ВМРО-ДПМНЕ – кои одбиваат да го остварат барањето на Македонците да бидат дел од Европа. Рамноправни и просперитетни со сите во земјата и на континентот.

– На Филипче и „најевропската“ СДСМ – кои не го иницираат дополнувањето на Преамбулата, за Македонците да бидат еднакви и да гарантираат еднаквост со сите во земјата, опкружувањето и Европа.

– За „Коалицискиот договор“ на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со проруско-српската олигархија во Северна Македонија – да не се помрдне европската интеграција на нацијата за да не се отвори и стандардизира домашната економија.

– За спречување на владеењето на правото и европски усогласената надворешна и одбранбена политика на Северна Македонија, со цел одржување на монополската позиција на транзицискиот капитал и натамошна деиндустријализација на земјата.

Саботирајќи го продолжувањето на преговорите со спречување на дополнувањето на Преамбулата, се спречува дополнување за јасна дистинкција меѓу Македонците и припадниците на другите народи во земјата, вклучително Бугарите (?!) А ова е уважено барање на македонскиот народ од сите заедници во земјата, од сите соседи и од сите европски нации – и гарантирано со Преговарачката рамка.

Ќе се прераскажува „од колено на колено“ дека за држење на Северна Македонија како приколка на (патот кон ЕУ на) Србија – Владата не’ одвојува од процесот со Црна Гора и Албанија – за 2030 да ни стане недостижна за полноправноправно членство во ЕУ.

Македонците се зрели и моќни да ги препознаат своите пријатели и приоритети, па за надворешно-политичките неуспеси и домашната економска и системска пропаст не ги обвинуваме Албанците, Бугарите, Грците, Србите, Турците… – туку своите државни раководства предводени од ВМРО-ДПМНЕ / СДСМ и олигархијата. Вие ја саботиравте во 1997 РМ во „Агендата 2000“, во 2008 го одбивте „Република Македонија (главен град Скопје)“, а во 2025 одбивате Северна Македонија да биде во ЕУ до крајот на деценијата.

Сега во исто деноноќие се вклопивте во играта на Порфириј кој официјално го подреди „српскиот свет“ на Москва, додека Додик целно го антагонизира „српскиот свет“ кон Сараево.

Целта е да го разиграте „јужниот коридор на српскиот свет“ во Северна Македонија – низ нова антагонизација на Македонците со Албанците – за продолжително подредена позиција на Скопје кон Белград. Во 1990-тите на Милошевиќ, сега на Вучиќ.

Ние Македонците, пак, со презир го отфрламе и последниов ваш обид националната надворешна политика да се користи за потпикнување шовинизам во наше име, а во интерес на руско-српската олигархија на Скопје низ коалицијата ВМРО-ДПМНЕ-СДСМ, промовирана на вашата „лидерска средба“.

Нам преговорите со ЕУ ни се дел од ослободувањето од таа олигархија и нејзините партии кои произведуваат штета по македонскиот идентитет, јазик и демографска одржливост.

Во тоа ослободување основна е одбраната на просперитетот на македонскиот народ и на нацијата на Северна Македонија, свесни дека сме на „линијата на огнот“ од Балтикот до Егејот.