Европската агенција за лекови заклучи дека третата, засилувачка доза на вакцината на „Фајзер“ може да се даде најмалку шест месеци по втората доза за лица над 18 години.
„ЕМА“ проценува дека податоците за вакцината на „Фајзер“ покажуваат зголемување на нивото на антитела кога третата доза се дава приближно шест месеци по втората доза кај луѓе на возраст од 18 до 55 години.
Дополнителна доза на вакцината против Ковид-19 на „Фајзер“ и „Модерна“ може да им се даде на луѓе со сериозно ослабен имунолошки систем најмалку 28 дена по втората доза, велат од „ЕМА“.
Се додава дека официјални препораки за употреба на трета доза може да се издадат на национално ниво, земајќи ги предвид податоците за ефикасност и ограничените податоци за безбедност.
Ризикот од воспалителни срцеви заболувања или други многу ретки несакани ефекти по третата доза не е познат и внимателно се следи, заклучуваат од агенцијата.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.