Кошаркарите на ТФТ не успеаја во обидот да му се реваншираат на Академик за поразот во дуелот одигран пред една седмица во Пловдив, Бугарија.

Имаа „добитна комбинација“, водство од 20 поени на полувремето (60:40). Но, и тоа не им беше доволно за нов балкански успех. Херис го одведе натпреварот во продолжение, но во него „црно-белите“ останаа покуси за два поени..

Во домашниот состав доминираше Херис со 29 поени (шест скока, девет асистенции, пет загубени топки), а на спротивната страна Томиќ реализираше 27 поени (девет скока).

На табелата води Академик Бултекс (6-0), пред Тиват (3-4), Берое (3-3), ТФТ Скопје (2-5), Ибар Розаје (2-3) и Куманово (1-2).

Следниот предизвик за тимот од Тафталиџе во Балканската лига (БИБЛ) е на 22 декември, во Тиват, каде му гостуваат на црногорскиот Теодо.