Вечерното вежбање може да биде поефикасно отколку во кој и да е друг период од денот, гласи заклучокот до кој дошле група научниците од израелскиот Институт за истражувања Вајцман.
Истражувањето било спроведено лабораториски со глувци, кои биле насочени постојано да трчаат. Се покажало дека ефектите од „тренирањето“ се подобрувала „квечерината“, кон крајот на активниот период од денот за глувците. Особено, кај експерименталните субјекти било забележано зголемување на нивото на метаболитот ZMP, поврзан со производството на енергија и согорување на маснотиите. Научниците го нарекоа ова соединение „ендоген аналог“ на пептидот AICAR, кој спортистите го користат за да ја зголемат издржливоста.
Тестовите со луѓе довеле до истите резултати. Забележано било дека при вечерното вежбање, за разлика од утринското или попладневното, се намалува потребата од кислород, што ги прави вежбите поефикасни.
„Познато е дека речиси секој аспект од нашата физиологија и метаболичкиот процес се регулира од циркадискиот ритам (биоритам). Тоа не важи само за луѓето, туку и за сите фотосензитивни организми“, вели Гед Ешер, еден од авторите на студијата, соработник во одделот за биомолекуларни науки при споменатиот Институт Вајцман.
Слични истражувања биле спроведени и од научниците на Калифорнискиот универзитет во Ирвајн. Тие, исто така, ги ставиле глувците на подвижни ленти за трчање, но притоа научниците биле повеќе заинтересирани за промените со оптоварувањето во структурата на мускулното ткиво.
Откриле дека производството на протеинот HIF1A, која ја регулира содржината на кислородот во ткивата и учествува во енергетскиот метаболизам, исто така, е поврзано со циркадиските ритами. Меѓутоа, доколку овие резултати се применат на работа со луѓето, може да се заклучи дека најефективен период од денот за спортувње е „доцна наутро“, кога започнува активната фаза од денот за глодарите, забележува порталот.