Актуелниот градоначалник на Велес, Аце Коцевски вели дека нема да учествува на изборите зажани во октомври, односно нема да се кандидира за втор пандат по ред. Како што вели тој во гостувањето во „Утрински брифинт“, доволно направил за велешани.

-Нема да се кандидирам за нов мандат. Мислам дека е доволно ова што го сторив за граѓанките и граѓаните на Велес. Се надевам дека еден дел од работите кои сега ќе ги започнеме, ќе ги завршиме, вели Коцевски.