На денешното рочиште за случајот “Плацевите на Водно”, сведочеа двајца сведоци на Обвинителството, кои посочија дека биле донатори во минатото за партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Едниот од нив е Драги Огњановски, кој истакна дека во 2006 година, донирал пари за ВМРО-ДПМНЕ.
-Пред изборите, донирав 300.000 денари. Тогаш ми се јави Коце Трајановски, бидејќи сме градежна фирма, работиме и за општини и за приватни лица. Општината ми должеше пари, па Трајановски ми се јави и ми побара да уплатам донација во партијата. За сметка на тоа ми рече дека кога ќе дојдат на власт нема да имаме проблеми и ќе помагаат што може да помагаат, рече сведокот.
Тој истакна дека во седиштето на ВМРО- ДПМНЕ го однел лично Трајановски.
-Парите во кеш ги предадов во старата жолта зграда, ме однесе Коце Трајановски. Ги предадов парите на Гордана Јанкулоска и таа ми даде каса прими, појасни сведокот.
Тој додаде дека во тоа време Трајановски бил градоначалник на општина Гази Баба, а неговата фирма добивала тендери.
Преземено од ФОКУС