Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски преку својот фејсбук профил објави подолг текст во којшто образложува зошто проектот Брз Автобуски Транспорт не треба да се реализира.
„Брз Автобуски Tранспорт или BRT е проект кој НЕ ТРЕБА ДА СЕ РЕАЛИЗИРА од повеќе аспекти. Ова автобуско метро, како што милува власта да го нарече, значи комплетна редефиниција на сообраќајот во Скопје кој се создаваше повеќе од 60 години, што по многу параметри е неизводливо, односно толку комплексно што бара многу години подготовка и е многу скапо.
Ефектот е минимален и ќе доведе до проблеми далеку поголеми отколку што во моментов ги има Скопје а може да предизвика ХАОС. Но ова се случува кога набрзина смислувате лави при што ги заборавате основните постулати, а тоа е ИСПЛАТЛИВОСТА, ЕФЕКТОТ И БЕЗБЕДНОСТА на граѓаните и сета лага да ја вклопите во постоечката инфраструктура“, пишува Трајановски.