Коце Трајановски ќе биде еден од кандидатите за градоначалнички мандат за Скопје, откри лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.
Мицкоски повтори дека многу скоро, до средината на овој месец, ќе бидат соопштени дел од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локлани избори. Се преговара, рече, за коалиција, но не само со албанските партии, туку и со српски, бошњачки, турски,…
-Многу скоро ќе имаме тематска прес-конференција и ќе ја информираме јавноста за имињата на 15-та кандидати. Очекуваме во текот на следната недела да имаме Извршен комитет на партијата, да потврдиме уште некое име, па може ќе бидат повеќе од 15. Се работи за комплетно нови имиња, познати за жителите на општините од кои доаѓаат и првпат се кандидираат за политичка функција. Едно од имињата што се мери на анкети е и Коце Трајановски, исклучително успешен градоначалник во минатото. Едно од имиењата кое се мери на анкетите е и Коце Трајановски. Има многу кандиати кои би можеле да бидат успешни и победници во дуелот со Шилегов, но ние сакаме победата да биде најубедлива досега и знак дека времето на политичките измамници е минато, рече Мицкоски.