Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски преку социјалните мрежи му одговори на Петре Шилегов, кој како што пренесоа одредени портали рекол дека „метларката“пропаднала во дупка на плоштадот поради тоа што линиската фонтана не била квалитетно направена. Како што е познато фонтаната е направена од времето токму на Коце Трајановски.
Трајановски на Фејсбук напиша:
-Петре несакав да коментирам но кога прочитав дека кажувате дека линиската фонтана била неквалитетно направена ќе ви одговорам:
– фонтаната е квалитетно направена и ги има сите одобренија од надзорните органи. Се обидуваш да ја префрлиш вината на друг.
– никаде во светот по линиски фонтани не се движат тешки возила
– околу линиската фонтана имаше поставено гранитни топки кои укажуаваа и оневозможуваа да се движат тешки возила. Нив ги ставивме откако пропадна возило на ЈП “Улици и патишта”
– кога Папата го посети Скопје ги тргнавте и добар дел сега ги нема околу фонтаната.
– за чистење на фонтаната набавивме две електрични метларки кои поради малата тежина без проблем се движеа и ја чистеа и линиската фонтана. Каде се сега тие метларки, зошто не ги користите?
– оваа фонтана неколку години се чистеше и функционираше без проблем, очигледно дека сега грешката е човечка и организациска
– оваа метларка која денеска пропадна во фонтаната е премногу тешка за да се движи над линиската фонтана, требало да прашате во службите, тие знаат.
– ја нема или драстично е намалена и чуварската служба која се грижеше за плоштадите.
– Знам дека се што е претходно направено сакаш да го тргнеш, затоа и долго време не работеше.
– се надевам дека нема да ти биде повод да ја тргнеш фонтаната туку да ја одржуваш според протоколот кој го знаат службите.
Петре несакав да коментирам но кога прочитав дека кажувате дека линиската фонтана била неквалитетно направена ќе ви…
Posted by Коце Трајановски on Monday, 29 March 2021