Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев, изјави денеска дека се радува што неговите тврдења дека се укинува Катедрата по македонски јазик и македонска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје се покажале како неточни.

„Се радувам што на Филолошкиот факултет не постои и никогаш не постоела идеја за укинување на катедрите за македонски јазик и книжевност. Посакувам во идните реорганизации на Факултетот, рамо до рамо со различните отсеци, секогаш да бидат вклучени и отсеците за македонски јазик и јужнословенски јазици и за македонска книжевност и јужнословенска книжевност“, изјави, за Канал 5 академик Коцарев.

Тој додава дека сите досегашни изјави и текстови поврзани со ова се негови лични изјави, со една единствена цел, достоинствено да се прославиме годината на Блаже Конески.

Коцарев претходно ја разбрани јавноста, посебно универзитетските кругови, со тврдењето за укинување на Катедрата по македонски јазик.