Коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Ердоан Сарач и неговата партија Движење за национално единство на Турците во Македонија се огради од изјавата на Христијан Мицкоски објавена на неговиот ФБ профил во која го бранеше Израел во конфликтот со Палестинците во Појасот Газа. Мицкоски напиша дека го осудува ракетирањето на Хамас, која ја нарече терористичка организација, на израелска територија и како што вели бомбардираат цивили.
Мицкоски напиша:
-Внимателно ја следиме состојбата во Израел, значајното зголемување на насилствата, вклучително и постојаниот напад од ракетен оган од појасот Газа кон Израел. Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо и дополнително ги зголемува тензиите во регионот. Истовремено го издвојуваме правото на Израел за заштита и одбрана на своето население и територија од нападите на терористичката организација Хамас.
Сепак, немаше никаква осуда за нападите на Израел во кои гинат цивили и деца во појасот Газа.
Поради ова следуваше реакција на Ердоан Сарач во која вели дека жали за погрешната проценка на Мицкоски за ситуацијата во Појасот Газа.