Граѓанската иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД на денешната прес-конференција официјално го најави излегувањето на локалните избори 2021 со независна листа предводена од советничката Драгана Велковска и екоактивистот Горјан Јовановски.
„Влегуваме во изборната трка за Советот на Град Скопје со непартиска коалиција, чие јадро го претставуваат долгогодишни активисти-волонтери посветени на сферите социјална правда, заштита на животната средина, заштита на животните и урбана мобилност.
Одлуката да излеземе со своја независна листа на претстојните избори е последица од долгогодишното исклучување и изневерување на довербата на граѓаните од страна на политичарите“, се вели во соопштението.