Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, со соопштение се огласи за пристигнатите вакцини од Србија. Како што велат од оваа коалиција, се кренала фама од една кутија на вакцини, кои се доволни само за кабинетот на Зоран Заев.

Ви го пренесуваме интегрално соопштението од оваа коалција.

-Денес, кога вест на денот е дека Република Србија ги донирала првите вакцини за Република Северна Македонија и кога е крената на нозе целата српска држава, а секако и нашата, за примопредавање на една мала кутија вакцини, кои не се доволни ни за кабинетот на Заев и на неговиот партнер, Ахмети, поважно од количеството на вакцините е симболиката на донаторот. Доаѓањето на српскиот претседател, Вучиќ, и медиумската прашина што се крена на Табановце, дава порака дека „вашиот голем брат не ве остава сами“. И, тоа не е проблем за Заев, бидејќи тој и така води една партија која е наследничка на југославизмот, но индикативно е што, од една страна, за пречекот на Вучиќ се погрижил и заменик-премиерот Артан Груби, но и премолчувањето на овој настан од партијата што само пред неколку месеци ќе претрпеше срцев удар од удирање по градите со „времето за прв премиер Албанец“. Дали пречекот на Груби и премолчувањето на ДУИ значи согласност на братство-единството Заев-Вучиќ и дали е ова израз на рана љубов, како таа на актуелниот министер за Финансии со воените старешини на Србија?

За коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива целта на Вучиќ за улога на патрон на Балканот е јасна, но ова – освен што докажува дека владата ги оставила граѓаните без вакцини – истовремено докажува за отсуството на моќ на оваа влада за градење на западно партнерство во интеграционите и здравствените политики, се вели во соопштението.