Македонската православна црква (МПЦ) влегува во бизнисот за производство на струја, се наведува во истражувањето на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) Македонија.

Тоа го потврди и Митрополитот Тимотеј од Дебарско-кичевската епархија кој за ИРЛ изјави дека одлучиле да влезат во инвестиција за изградба на мала хидроцентрала, без да е сигурен дали се поднесени барањата за лиценца за производство на електрична енергија.

Како ко-основачи на Друштвото за производство на елекрична енергија „Хец Драгов Дол коо Кичево“, покрај МПЦ, се јавуваат Александар Аврамовска, на чија адреса е регистрирано седиштето на правното лице, Сретен Миладиновски, кој е запишан како управител, Слободан Јовески и мелничко-пекарска индустрија „Жито Караорман АД Кичево“.