Во анкетниот лист на новиот шеф на Обвинителството за организиран криминал и наследник на Вилма Русковска, Ислам Абази, пишува дека поседува куќа и стан во Кичево и околината, моторно возило фолсфаген голф на сума од околу 5.000 евра и кредит на сума од 250 илјади денари, кој го зел во 2009 година и го отплаќал 4 години.
Ова го покажува анкетниот лист што тој како Јавен обвинител го пополнил во антикорупциската комисија.
Од имотниот лист на Абази може да се види дека куќата наведена во анкетниот лист е во селото Зајас, и за неа е наведено дека чини 3 милиони денари или близу 49 илјади евра за која стои дека е имот на родителите.
Абази располага и со стан во Кичево од 1985 година, за кој исто така е наведено дека е имот на родителите, станот вреди околу 30 илјади евра.
Новиот шеф на Обвинителството за организиран криминал, на вчерашните избори освои 66 гласа ,второпласиран беше заменик-шефот на ОЈО Скопје, Ермон Незири, со 64 гласа.
Досегашната главна обвинителка Вилма Русковска доби само 14 гласа.