Кузман Илиев

„Сакам, но немам желба“-така изгледа политичкото милје во однос на меракот за тоа кој ќе ја спроведува власта. Од една страна, новите партии во парламентот многу сакаат да владеат. Ама навистина многу. Дотолку многу што се спремни да им се предложат на своите поранешни идеолошки ривали- поранешната прва виолина на БСП Манолова денес е прв ортак со лидерот на ДСБ, комунистичкиот обвинител Атанасов. Се разбира под мудрото менторство на претседателот Радев, којшто е креатура имено на БСП, партија што историски 3 пати била во власта со ДПС.

Од друга страна- немаат храброст. Бидејќи она нешто не е како ова нешто, како што се вели во двусмислената фраза. Едно е да критикуваш од страна, собирајќи го кајмакот на народната љубов, сосема поинаку е кога треба да носиш одговорност.

Да ти се запише во CV-то, како што добро знае идеологот на „Демократска Бугарија“ Иван Костов. Во еден момент ќе треба да се повлечеш, ја за инициативи против атентатот врз црквата „Св Недела“, за да не ги нервираш левичарите од зелените и либералите, коишто си во коалиција, ја да кршиш прсти за гласање на ревизии и проверки на последните две влади, во коишто имаш и свои министри. Твојот лидер всушност бил министер во претходната Влада.

Едно е да го врескаш мотото „реформа во судството“, друго е да кажеш во што конечно се изразува таа реформа во судството: обвинителството да премине под капата на премиерот или на парламентот, што во нашиот случај е едно и исто. И било така во димитровскиот и во живковиот устав. Можеби во суштина е важно на власт да биде „правилниот“ премиер?! Оваа позиција е повеќе од принципиелна, поделбата на властите и приматот на правото ќе векуваат. Нема збор.

Но и глупавата идеја е идеја. Ако знаеме дека Има таков народ, глобално немаат идеја како ќе владеат, ако веќе имаме каква и да е мисла, тоа е чекор напред кон светлата иднина. Генијалниот предлог за воведување на мажоритарен изборен модел, денеска е во рацете на тие кои го предлагаа истиот модел на референдум и ја добија поддршката на народот. Дури језуитски истиот предлог беше поднесен од опозициската ГЕРБ, бидејќи тие одлично знаат дека од ваков модел ќе добијат само тие, самиот Трифонов би исчезнал од политичката сцена. Или нивниот предлог бил лага или се работи за убиствена нестручност. Нема трета варијанта. Всушност има- да им служи токму на системските партии, бидејќи замислете само што ќе се случеше, ако системските партии се договореа да ги исфрлат останатите партии и да го искористат како причина за тоа референдумот на Слави.

Јасно е дека новите избори нема да им донесат кардинално различни резултати на партиите. Едни ќе отидат малку понагоре, други малку понадолу. Песочниот часовник ја мери довербата што се топи кон оние кои во моментот си ја подритнуваат власта по земјата. Едно е јасно, без поддршка од ГЕРБ или БСП нема Влада. Доста глумеа изненадени „новите“ политички формации. Што? Пак ли ќе одиме на избори? До кога? Не, тоа не е демократија, десетици милиони левови на даночните обврзници наместо за болници и спасување на човечки животи, да одат за да се прави овој или оној на политичар. Тоа нема да стане.

Станува се појасно дека ГЕРБ и Борисов имаат поставено политички противпешадиски мини. Тој што ќе одлучи да зачекори во тоа минско поле треба да има добра екипа. Фискалниот резерв изнесува 7,2 милијарди лева, од којшто не можат да се користат околу 6 милијарди. Пред нас е голем долг, што треба да се покрива во време кога приходите намалуваат, а имаме силно зголемени трошоци. Најверојатно парите ќе дојдат од бугарскиот пазар, а тоа ќе ги намали ресурсите за приватни иницијативи и ќе го забави економскиот раст. Дарежливите исплати во социјалната сфера се пресметани до мај, а во политичка смисла нивното укинување ќе значи самоубиство.

„Планот за опоравување и стабилност“ исто така е дискутабилен. Тој ќе биде тест за тие што имаат претензии да бидат на власт- имаат ли капацитет да состават свој план или ќе продолжат само со лозунги и хистерија. И не, фактот што Борисов не се појави кога планот се претстави пред јавноста не го извинува недостатокот на кадровски потенцијал на „новите“ политичари. Непојавувањето на премиерот во парламентот е голем проблем, но истиот се однесува на системската дисфункционалност на државноста, а имено дека премиерот е тој што раководи со парламентот затоа што го контролира мнозинството во истиот. Тоа е очигледен факт. Но истиот се решава со нов Устав и не преку зголемување на власта во неговите раце преку оставањето на Обвинителството под неговата капа.

Кризата во Украјна ќе донесе со себе многу прашања кај позитивно настроеното кон Русија население, откако контингентот на НАТО во Варна ќе го зголеми својот капацитет. Колку е убаво да сме на прва линија во отпорот против Русите…

Колку убаво ќе биде ако ги пуштиме според евроатлантската мантра бугарофобите од Скопје во ЕУ, за да можат тие и од таму да бараат права за „македонското малцинство“ во Пиринско. Гледаме како веќе се активирани некои наши „безродни“ академици, кои прво се лансираат од „независни медиуми“ како финансираната од американскиот Конгрес „Слободна Европа“. Фактот пак дека сме на десетина места позади РС Македонија според „Репортери без граници“ во однос на слободата на медиумите е повеќе од апсурден. Земја во која ќе си направиш проблем ако читаш бугарски книги да се споредува со Бугарија е глупост. Во Бугарија вчерашната опозиција има десетина прекрасно финансирани медиуми. Кај нив од сутрин до вечер се излива туѓа и либерална пропаганда, а ако случајно кај нив се појави некој што мисли поинаку е големо случување.

Се подценува и „заспаниот“ Ердоган. Буџетот на Турција е пробиен, а ЕУ веќе влезе во улога на крава за доење. Адутот е: ги запираме мигрантите што можат да ја поплават Европа. Ќе пијат ли кафе со Ердоган, Трифонов и Христо Иванов, или ќе го натераат на друг начин да се откаже од тоа да ја користи Бугарија за виткање на рацете на ЕУ? Ќе видиме.

Кога тука ќе ги додадеме и медицинските работници, коишто се доволно „наострени“, откако Трифонов и Радев кажаа еден куп глупости по темата за вирусот. Ќе набљудуваме психолошко конфронтирање. Кое што со недостатокот на дијалогичност ќе биде тешка препрека. Подвлекувам, едно е да зборуваш клишеа за мафијаши, корупција и модели, а сосема друго е да излезеш напред и да се видат твоите сопствени зависности. А тие ги имаат.

Не треба да се потценува и содржината на политиката. Идеите на Манолова за напад врз финансискиот систем се неразумни. Да си играш на Робин Худ е добар политички трик , но сосема поразлично е да го запираш прочистувањето на банкарските баланси, ставајќи ги во ризик штедачите со чии пари реално се случува кредитирањето. Тоа е штетен левичарски популизам.

Работата на политичарите не е да „владеат“. Тие не ги знаат потребите и целите на граѓаните. Не можат да ги заменат сигналите на цените, кои што милионите одлуки на инвеститори, штедачи и потрошувачи се случуваат секој ден и секоја минута. Работата на политичарите е да создадат добра атмосфера за правење бизнис и за културен развој. Тоа е многу сложена задача, а компирот денес е навистина жежок.