Ивон Величковски
Пред да се фокусираме на постапката на обезбедувањето на Гаши, да си одговориме на прашањето: Дали сите претседатели/министри за надворешни/претседатели на Собрание и слични ВИП личности минуваат на скенер на скопскиот аеродром при посета или транзит?
Истото прашање да го поставам поинаку: Дали на претседателот на Косово Вјоса Османи и бил претресен багажот кога минувала граница на пр. на Блаце?
Дали по таа логика утре на Давкова ќе и речат на граница да отвори багажник да проверат да не носи ајвар при посетата на манастирот Св. Прохор Пчињски?
Или претресот на Османи денес треба да и овозможи поугодна средба утре со домаќинот на српска територија, Вучиќ?
И за крај, замислете го соблазнувањето ако на скопски “Петровец” некој службеник му побарал на Вучиќ при транзит да го отвори личниот багаж.
Не сакам ни да трошам зборови и да прашувам дали минатиот октомври некој му го провери рачниот багаж на Лавров при посетата на самитот на ОБСЕ во Скопје.
Желбата на оваа власт да ги проблематизира односите со соседите (со исклучок на Србија) е јасна од прв ден. Намерата да се остане во позадинска поддршка на Вучиќ е очигледен приоритет на власта на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. За ВЛЕН – тие ќе покажат.
Нарушувањето на односите со Косово што е основна цел со понижување на претседателот на државата, затоа, го засилува прашањето од насловот “Кој е нарачателот на обидот за понижување на Вјоса Османи?”