Пред неколку дена, „Фокус“ објави дека универзитетскиот професор и довчерашен министер за правда Никола Тупанчевски ќе биде македонски амбасадор во Србија. Во врска со оваа информација, Тупанчевски кусо ни одговори дека засега нема ништо официјално.

Во меѓувреме, во јавноста излегоа имиња за други амбасадорски позиции. Во таа насока, довчерашниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски се споменува како иден амбасадор во Париз, каде требаше да замине ексдиректорот на АНБ Виктор Димовски, но работата се искомплицира поради скандалот со Онишченко.

Поранешниот лидер на ЛДП и градоначалник на Центар Андреј Жерновски, кој долго време се споменуваше како иден амбасадор во Србија, по се изгледа ќе замине во Романија. На амбасадорска служба заминаа и други поранешни лидери на ЛДП. Јован Манасиевски е во Анкара, а Горан Милевски во Љубљана.

Целата вест на Фокус.мк