Синдикатот на контролори на летање најавува штрајк за 12 октомври поради наталожени проблеми од раководството на МНАВ, лоши услови за работи и наместени огласи, пренесува порталот СДК.мк

Тврдат дека поради стара техника, авиосообраќајот над небото на Македонија ова лето бил принудно намален.

Синдикатот обвинува за партиско-клиентелистичко вработување на луѓе по нарачки, плус со несоодветно образование, до степен на превработеност во Контролата на летање. Моменталната состојба според Синдикатот е до повик: „Која мајка изгубила дете, да дојде да си го најде во МНАВ“.

-Првин раководството распишува оглас, па без наше присуство, со нивна т.н. селекција, вработуваат како портири. Преку ноќ не известуваат: ’Од утре имате нови на обука’. Со тоа, платата преку ноќ им расте за 30.000 денари на тие несудени портири. Имавме случај кога една новопримена колешка денеска беше чувар, третиот ден дојде во Контрола на летање со плус 500 евра плата, четвртиот ден отиде на породилно отсуство“, вели Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на контролори на летање.

Целата вест на СДК.мк