Партиската предгрупа на ВМРО-ДПМНЕ ДНК, во својот веќе препознатлив стил, ја прегрнаа единствената кандидатка за претседател на Мицкоски, нарекувајќи ја „мајка“: „Време е да добиеме “Мајка”…“, порача Владимир Блажев – Панчо од ДНК.

Но, пред две и пол години, за ДНК „мајка“ беше Данела Арсовска: „се надеваме дека ќе ја видиме како градоначалничка, односно “МАЈКА” која ќе се грижи подеднакво за сите граѓани на Скопје“.

А „мајка си е мајка“ Данела навистина се погрижи за чедата од ДНК Панчо и Андреј, им ја додели 13-то ноемвриската награда на Град Скопје. Со тоа покажа дека „се грижи подеднакво за сите граѓани на Скопје“.

Не за џабе народот рекол: „Ако не плачит детето, мајка му не му дават да цицат“ и „Кротко јагне од две мајки цица“.