Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека ниту Манчестер Сити немаше да ја освои Премиер лигата оваа сезона, ниту Јунајтед, доколку требаше да се справат со бројни повреди како неговиот тим.
Ливерпул беше лишен од помошта на двајцата стандардни играчи за врска Вирџил ван Дајк и Жо Гомез во поголемиот дел од сезоната поради тешки повреди на коленото .
Во продолжение на сезоната сериозна повреда заработи и третиот стопер Матип. Пота се повредија, нивните играчи од средниот ред, кои ги менуваа некое време, капитенот Хендерсон и Бразилецот Фабињо. Новиот играч Диого Јота исто така беше меѓу оние кои исто така пропуштија поголем дел од сезоната поради проблеми со повредите.
„Со нашите повреди, ова едноставно не беше година во која можевме да станеме шампиони. Не само ние – никој не можеше да биде прв во таква ситуација“, рече Јирген Клоп и додаде:
„ Колку и да беа добри, доколку Сити останеше без три централни одеднаш, немаше да ја освојат титулата оваа сезона. Ако Јунајтед останеше без тројца средни играчи, тие исто така немаше да бидат таму каде што се…„
Ливерпул има шанса да ја освои третата или четвртата позиција во ПЛ во последното коло во недела со победата на „Енфилд“ против Кристал Палас и да обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
„Успеавме да возвратиме малку, ги прифативме тешкотиите и дадовме се од себе. Ако победиме во недела и ако се пласираме во Лигата на шампионите, тогаш ќе го извлечеме најдоброто од оваа ситуација. Тоа е тоа“, заклучи Јирген Клоп.