Георгинио Вијналдум е подготвен да замине на лето без обештетување бидејќи неговиот договор истекува, па Ливерпул ќе мора да доведе нов играч за врска.
Англискиот шампион „фрли око“ на Хаусем Ауар од Лион и, според извештаите на медиумите, ова е типот на играч што го посакува Јирген Клоп, па управата на англискиот великан ќе се обиде да договори трансфер со францускиот тим.
Французинот е главен играч на Лион и оваа сезона настапи на 23 натпревари, постигна пет гола со три асистенции, а неговиот тим е трет на табелата во жестоката конкуренција на Лига 1 со 59 бода и има само три бода помалку од водечката Лил .
Ауар претходно се поврзуваше со други големи тимови, пред се со Арсенал и Реал Мадрид, но сега може да се пробие на „Енфилд“.
Се верува дека Лион ќе побара најмалку 60 милиони евра, па Ауар би станал третиот најскап играч на „црвените“ по Виргил ван Дајк и Алисон Бекер.