Англискиот шампион има големи проблеми во одбраната кои никако не може да ги реши.
Ливерпул сезонава има големи проблеми со повредите оваа сезона, а најпогодена и одбраната каде до крајот на сезоната ќе недостасува Вирџил ван Дајк, но повредени се и Џо Гомез и Жоел Матип.
Менаџерот Јирген Клоп засега проблемот во последната линија го решава со тоа што Фабињо игра на бековската позиција, но во исто време е во потрага по нов дефанзивец иако во јавноста постојано вели дека не му се потребни засилувања.
Но, потрагата по замена за Ван Дајк му создава огромни главоболки на Клоп, парите не се проблем туку податокот дека добар дел од играчите кои се на листата на желби на Клоп, не сакаат да дојдат на „Енфилд“.
Според добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо, фудбалерите не сакаат да дојдат во Ливерпул бидејќи веруваат дека по враќањето во тимот на Ван Дајк, Матип и Гомез, тие ќе останат без место во првиот тим и ќе бидат заковани на клупата.
– Многу фудбалери се контактирани, но тие едноставно не сакаат да дојдат во Ливепрул и да одиграат 5-7 натпревари и потоа да останат без место во првиот тим кога ќе се опорават ѕвездите на тимот. Затоа ставот на Ливерпул е: доколку можеме некого да донесеме ќе го донесеме. Доколку не, тогаш ќе играме со тоа што го имаме – изјави Романо во својот подкаст.