Клои Кардашијан на почетокот на новата сезона на шоуто „Keeping Up With The Kardashian“ откри дека нејзината втора бременост ќе биде од висок ризик за нејзиното и здравјето на бебето, почнала да размислува за сурогат-мајчинство…
Имено, 36-годишната Клои Кардашијан со момче, 30-годишниот кошаркар Тристан Томпсон планирале да го прошират своето семејство, но се соочуваат со тешки одлуки. На почетокот на оваа година, лекарите ѝ соопштиле на Клои дека нејзината втора природна бременост би била премногу ризична…
Клои за ова разговарала со нејзината постара сестра Ким Кардашијан кога почнала да размислува за сурогат мајчинство – опција која честопати ја користат парови кои не можат да добијат деца самостојно. Ким доби две од нејзините четири деца со Канје Вест со помош на сурогат мајка.
„Постои 80% шанса да абортирам, што за малку ќе ми се случеше на почетокот на мојата прва бременост“, изјави Клои која е мајка на тригодишната Тру.
„Уживав во бременоста. Срцето ми се крши од помислата дека нема да можам повеќе да го доживеам тоа“, признала таа.
Клои и Тристан разговарале со терапевт специјализиран за сурогат мајчинство за да откријат дали ги разбираат сите детали поврзани со тој процес.
„Тоа е голема обврска, сосема ново поглавје, но ние сме тим и можеме да го направиме тоа“, рече кошаркарот Тристан.
Терапевтот ги фати неподготвени за време на еден дел од разговорот. Тие разговараа за тоа што ќе се случи доколку ембрионот се раздели и тие добијат близнаци или повеќе деца.
„Ако сме благословени со повеќе деца, тоа е Божја одлука“, рече Клои, но била изненадена кога терапевтот ѝ рекол дека нивната сурогат мајка можеби нема да биде согласна со тоа.
Тој ѝ објаснил дека иако станува збор за нивно дете, тоа е тело на сурогат мајка, која има право да ја прекине бременоста доколку се случат вакви непланирани настани. Ова длабоко ја шокирало Кардашијан, која сметала дека сè ќе биде водено од нивните желби, без никакво влијание на сурогат мајката.