Риалити ѕвездата и мајка на 2 годишната Тру, Клои Кардашијан на својот инстаграм-профил објави фотографија во бикини, на која се истакнуваат нејзините стрии. 

Иако не е невообичаено за Клои да објавува секси фотографии, сепак, за прв пат сподели фотографија од нејзиното торзо, гради и горниот дел од нозете.

Ги сакам моите стрии“, напиша во описот на фотографијата која предизвика „поплава“ од пофалби од нејзините славни пријатели и следбеници.

Instagram
Instagram

Кардашијан отсекогаш отворено зборува за наметнатите комплекси и непријатности во врска со сопственото тело што ги доживеа како со текот на годините, за разлика од нејзините сестри Ким и Кортни.

Среќна сум што сега, поп-културата има реалистични слики за женското тело“, неодамна изјави таа за „Хелт“.

Instagram
Instagram

Ги сакам сите форми и големини на жените. Сакам да ги охрабрувам и се опседнувам со самоуверени жени“, вели таа.

Нејзиното тело претрпе низа трансформации низ годините. Минатата година, ѕвездата откри дека „паднала“ на 60 килограми откако ја родила нејзината ќерка Тру во 2018 година.

Ако се обидувате да изгубите значителна тежина, диетата и вежбањето одат рака под рака“, изјави Кардашијан за „E!“.

Instagram
Instagram

Клои не е единствената ѕвезда која постојано мотивира и е гласна за нормализирање на изгледот на женското тело.

Супермоделот Ешли Греам, постојано зборува за транспарентност со телата на жените, постојано покажувајќи ги своите „несовршености“ на социјалните мрежи, вклучително и фотографијата која ја објави минатата година веднаш по породувањето.

Instagram
Ешли Греам / Instagram

И Кејти Холмс во 2019 година сподели фотографии без „фотошоп“ од фотосесија за „Vogue Australia“ на кои се гледаат стриите на нејзиниот стомак.