На денот на здравствениот работник, клиниката во склоп на најголемиот истражувачки центар во Југоисточна Европа, Комак Медикал, сопственост на д-р Милен Врабевски, беше одобрена од Министерството за здравство на Бугарија за центар за вакцинација.
Според идејата на д-р Врабевски, таа автоматски ќе се фокусира на покривање на вакцинацијата на граѓаните на Република Северна Македонија.
„Се надеваме дека државата ќе не поддржи во ова, во тек се дискусии со министерот Каракачанов и војската да се обезбедат дополнителни мобилни простории што ќе се користат како дополнителни центри за вакцинација на граничните премини, што ќе им го олесни патот до вакцина на сите граѓани на Република Северна Македонија – без разлика дали имаат или немаат бугарски пасош “, додаде д-р Милен Врабевски.