Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека повеќе од 100 луѓе го загубиле својот живот во главниот град на Украина откако Русија ја нападна Украина. Тој додаде дека од почетокот на војната во Киев се уништени 82 станбени згради.
Кличко соопшти уште дека досега 4 деца загинале, а 16 други се повредени и се наоѓаат во болница.