Политичкиот аналитичар Сашо Клековски, кој дваесетина години е на раководни позиции во граѓанскиот сектор, ќе влезе во новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој за Фокус потврди дека ќе стане дел од раководството на опозициската партија и најави дека изјава ќе даде по завршувањето на седницата на Централниот комитет, пред кој партискиот лидер ќе предложи нови членови на ИК, како и потпретседатели.