Класифицирани документи од областа на одбраната кои содржат детали за британскиот воен брод ХМС Дефендер и британската војска се пронајдени на автобуска станица во земјата, објави БиБиСи. Британската влада соопшти дека губењето на документи го пријавил вработен минатата недела, а истрагата е започната.
Граѓанин, кој сакал да остане анонимен, стапил во контакт со Би-Би-Си, откако на 22 јуни нашол 50 страници класифицирани информации зад автобуската постојка во Кент.
Во дел од документите се дискутирало и за потенцијалната руска реакција на патувањето на воениот брод ХМС Дефендер преку украинските води крај брегот на Крим на 23 јуни, според Би-Би-Си, како и плановите за можно британско воено присуство во Авганистан.
Министерството за одбрана соопшти дека воениот брод „извршил невин премин низ украинските територијални води во согласност со меѓународното право“.