Рон Клајн, шеф на кабинетот на новоизбраниот претседател Џо Бајден, синоќа изјави дека во одговор на сериозните кибер напади врз повеќе владини институции на САД, администрацијата на Бајден нема да се ограничи само со санкции

– Тоа не се едноставни санкции. Тоа се чекори кои може да ги преземеме за да се намали способноста на странските актери да вршат такви напади, изјави Клајн за „Си-Би-Ес“

Републиканскиот сенатор Мит Ромни претходно изјави дека масивниот упад во базите на сојузната Влада на САД бил „вонредно уништувачки”, и дека претседателот Доналд Трамп е „краткоглед”, кога станува збор за Русија, која, според повеќе американски официјални лица, стои зад нападот.  

– Сите сме согласни дека кај претседателот постои одредена кратковидост, кога станува збор за Русија, изјави вчера Ромни во емисија на „Ен-Би-Си“

Според официјални претставници на безбедносните агенции, како резултат на нападите, настрадаа најмалку шест владини институции и агенции, додека системите на илјадници компании останале заразени со штетна програма

Самиот Трамп призна дека се случиле напади цела недела после првите извештаи на некои американски медиуми. Тој го потцени значењето на ова и во Твитер пораки изрази сомнеж дека зад нападите стои Русија, а дека тоа може да биде и Кина.  

Марк Ворнер, главен демократ во сенатската Комитет за разузнавање, изјави дека нападите може да продолжат. Тој и Ромни истакнаа деа САД треба да испратат одлучен одговор. 

Тимот на Бајден разгледува неколку варијанти за наводната вмешаност на Русија во ова. Откако ќе ја презеде функцијата, новата администрација може да одговори со финансики санкции и кибер напади врз руската инфраструктура.