Славната американска актерка Кирстен Данст ги објави среќните вести, дека со својот партнер го очекува второто дете во четвртата деценија од животот.
За време на сликањето за популарниот „W Magazine“ актерката го покажа трудничкиот стомак, а фотографијата од снимањето ја сподели и на својот Инстаграм профил.
Инаку, 38-годишната Кирстен со својот партнер Џеси Племенсон го има двегодишниот син Енис, а засега не е познато кога приновата ќе пристигне во семејството.
Кирстен и Џеси се долгогодишен пар, но се уште не се знае дали се венчани иако тој неколку пати во јавноста ја нарече своја сопруга.