На денешната седница на Советот на Град Скопје, се обрати советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков.
Кирков истакна дека по посета на Јавното сообраќајно претпријатие, сликата била застрашувачка со што повеќе од 200 автобуси стојат нефункционални и неупотребливи без притоа истите да се поправат.
„Заедно со колегата Тони Бојковски од Советот на Град Скопје направивме посета во ова јавно претпријатие, и она што го видовме навистина не запрепасти. Повеќе од 200 расипани автобуси стојат подолго време на паркинзите на ова јавно претпријатие и покрај тоа што во ова јавно претпријатие се случува тотален хаос“, рече Кирков.
Кирков додава дека ова јавно претпријатие работи недомаќински и ги повика институциите да направат целосна ревизија со цел да се утврди кој е причинител за ваквата катастрофална ситуација на ова ЈСП.
„Оттука се прашувам иако се е изгласано од страна на советниците, ова јавно претпријатие апсолутно во последниве три и пол години работи недомаќински, и јас алармирам од оваа позиција овдека ги повикувам сите јавни и државни институции да направат целосно ревизија и да се утврди одговорноста кој допринесе ова јавно претпријатие да се наоѓа во ваква ситуација. Скопјани треба да бидат мирни, јавниот превоз и целиот град Скопје ќе доживее една поубава слика“.
Текстот Кирков: ЈСП е пример за тоа како е да се работи недомаќински е превземен од МАКФАКС.