На денешната седница на Советот на Град Скопје се обрати советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков.
Кирков, на самиот почеток, истакна дека Градот Скопје претрпел многу катастрофи, но со преземањето на функцијата градоначалник од страна на Данела Арсовска, Скопје не видело поголема катастрофа.
„Градот Скопје претрпел многу катастрофи во поново време, без пардон, ќе кажам дека поголема катастрофа од градоначалникот од Данела Арсовска и не постои. Како ни изгледа Скопје во моментов? Сите фонтани се жабарници, недостасуваат букви и спомениците се неодржувани, неисчистени. Буквално имаме една глетка на градот Скопје која не ја памтиме“, рече Кирков.
Кирков, исто така, истакна дека секоја критика од страна на советниците кон градоначалничката Арсовска резултирала со барање за извинување од нејзина страна и опомена пред тужба.
„И, за жал, ќе кажам секоја критика кон градоначалничката, таа кон нас советниците се произнесува со барање за извинување или пак опомена пред тужба. И нека е така, Скопје издржало многу, ќе ја издржи уште неколку месеци Данела, а потоа ќе постои и одговорност. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи оваа донација, ја поздравува и ги охрабрува сите фондации кои имаат можност да помогнат во реновирањето на спомениците, затоа што се во катастрофална состојба“, дециден е Кирков.
Текстот Кирков: Скопје издржало многу, ќе ја издржи и Арсовска уште неколку месеци е превземен од МАКФАКС.