Стефан Кирков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека викендов починале две лами во скопската Зоолошка градина.

„Во куќата на стравот, т.е. ЗОО Скопје, пцовисаа две лами од редок вид. За ова од институцијата молчат како и секогаш и навистина сум згрозен од целото ова што се случува 3 години во нашата Зоолошка градина. Според неофицијалните информации што ги поседувам, ламите пцовисале викендов, а според првичните резултати, неофицијално е дека пцовисале од туберкулоза!“, напиша Кирков на „Фејсбук“.

Тој јавно прашува како се терапирани овие животни и дали и кој ги лекувал и дали ќе покажат патолошкиот наод и истрагата.

„Подолго време укажувам и апелирам дека во ЗОО Скопје нема стручен ветеринар и дека ветеринар е човек што дo пред година дена беше аниматор на детски родендени, не го оспорувам неговото образование, но за познавањето и искуството се сомневам, а и по сѐ што се случи и сите се сомневаме!!! До кога? Ќе има ли одговорност? Што е следно и дали е време конечно да престане овој хорор???“,пишува Кирков.

Текстот Кирков: Пцовисаа две лами од редок вид во скопската Зоолошка градина е превземен од МАКФАКС.