Одбраната на обвинетите „Организатори на 27-ми април“ денеска ги повлече од листата на предложени сведоци, ракометарите Кирил Лазаров и Стојанче Стоилов, дознава SPORTM.mk

Одбраната не информираше зошто се одлучила на ваков чекор.

Инаку, претходно тие заедно со Борко Ристовски беа предложени како сведоци од одбраната во врска со упадот во законодавниот дом на 27-ми април 2017 година.

Пред една недела сведочеше и репрезентативниот голман и чувар на мрежата на неколкукратниот ракометен шампион „Вардар“, Борко Ристовски.

„Давав морална поддршка со коментари на Фејсбук како Македонец. Не бев контактиран од Миле Јанакиески ниту од Спиро Ристовски“, рече Борко Ристовски пред Судот.

Ристовски пред Судот рече дека лично не се познавал со екс-министрите Јанакиески и Ристоски, кои се меѓу обвинетите.

loading…