Емитивно автобиографско писмо на Кире Лазаров за ЕХФ. Европската ракометна федерација во специјален прилог за фановите кои се претплатници на нивниот билтен го претстави Лазаров како легенда на Лигата на шампионите, како човек кој е обожаван од цела Европа и од секој македонски навивач кој некогаш одел по земјата.
Тој вели дека се оженил двапати, еднаш со Љубица и еднаш со националниот тим на Македонија.
-Тоа е како врска. Долго време сме заедно и кога сме разделени, сме несреќни. За мене, играњето за мојата земја е свето – и кога сте капитен тоа чувство е уште поголемо. Да го водиш тимот на терен и да ја пееш националната химна е голема работа. Бликам од гордост секојпат кога излегувам на терен.
Повеќе на следниот ЛИНК.