Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров, кој со неговиот Нант ќе игра во полуфиналето од ЛШ против неговиот поранешен тим Барселона, во интервју за „Балкан-Хандбал“ зборува токму за Ф4 во Келн.
-Да, се слушнав со него еден ден пред ждребот за завршницата од ЛШ, но не поради тие причини, туку поради сосема други. Сакав да го прашам за нивниот кондиционен тренер, како така играат толку брзо во напад. Сакам тоа да го пренесам и во селекцијата на Македонија, вели Кире Лазаров, кој во моментов е играч и селектор на македонската репрезентација.
Кире вели откако се паднале во полуфиналето Нант-Барселона ги прекинале контактите, па откако ќе заврши Ф4 повторно ќе продолжат да се слушаат, бидејќи си ветиле едни на други дека ќе си помагаат.