Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров е избран за најдобар десен бек на деценијата во изборот на ренонираниот интернет сајт „Хандбал-Планет“.
Жирито кое беше составено од тренери, ракометни легенди и новинари од целиот свет, ги избираше најдобрите ракометари на секоја позиција, а Лазаров доби дури 67 проценти од гласовите во изборот за најдобар десен бек.
Второпласиран е Унгарецот Ласло Наѓ кој доби 23 проценти од гласовите, додека поранешниот член на Вардар, Алекс Душебаев доби 10 проценти од гласовите.
За ракометар на деценијата е прогласен Французинот Никола Карабатиќ кој ги освои сите можни титули во последните 10 години.
Во идеалниот тим на деценијата покрај Лазаров и Карабатиќ се наоѓаат уште и Тиери Омејер, Уве Геншајмер, Микел Хансен, Лук Абало, Жулен Агинагалде, додека за најдобар дефанзивец е прогласен Виран Морос.