Кире Лазаров го продолжи договорот со француски Нант за уште една сезона. Како што вели тој самиот пандемијата со коронавирусот направи доста проблеми, па поради тоа сака да се прости од тимот како што доликува. Затоа, ќе одигра уште една сезона, а потоа ќе му каже збогум на францускиот тим и клупскиот ракомет.

-Веќе донесов конечна одлука. Ова ќе биде мојата последна сезона во кариерата како играч. Ако почнете да броите, ќе сфатите дека се огромен број години, но најважно е тоа што се чувствувам добро, телото одлично одговара и немам никаква болка. Секогаш се обидував да бидам голем професионалец, го сакам спортот, го сакам ракометот и сакам да завршам како што треба, во одлична форма, – вели Лазаров во интервјуто за официјалната веб-страна на Нант.