Кире Дамјанов е еден од хероите кои учествуваше во гаснењето на пожарите. Пред неколку дена во попладневните часови изби голем пожар во близина на граничниот премин Богородица, а кој се закануваше на една бензиска, но и казиното „Фламинго“, потоа постоеше опасност за граничната караула на АРМ, но и самиот граничен премин кој поради пожарот неколку часа беше во прекин.
Тој неколку часа со својот багер околу пожарот работеше со цел да го спречи неговото ширење. Како што вели, додека бил во багерот, не размислувал дека тоа е опасно.