Британската актерка Кира Најтли откри дека по улогата во филмската франшиза Пиратите од Карибите добила посттрауматско стресно нарушување (ПТСП). Огромната слава што ја стекнала на само 17 години, по првиот филм во 2003 година, ѝ предизвикала психички притисок и тешко се справувала со вниманието на јавноста.
На 22 години доживеала нервен слом, по што побарала стручна помош и направила едногодишна пауза од глумата. Денес, на 40 години, Најтли вели дека ужива во кариерата и во „многу помирно ниво на слава“.
Интересно, таа признала дека никогаш не го погледнала третиот дел од Пиратите од Карибите. Некои од своите други филмови, како „Всушност, љубов“ (Love Actually), ги гледала само еднаш – на премиерата пред повеќе од две децении.
Текстот Кира Најтли призна: Славата по „Пиратите од Карибите“ беше толку тешка што доживеав нервен слом е превземен од МАКФАКС.























